јуни 28, 2017

Охрид, 28. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Не престанува да се тресе охридското тло.

Последниот од низата земјотреси во изминативе денови,  беше регистриран утрово во 03:52 часот, со јачина од 2.9 степени според Рихтеровата локална магнитуда.

Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ епицентарот на земјотресот е во охридското епицентрално подрачје, поточно во селото Косел. (Крај)

извор: Сеизмолошка опсерваторија  фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука