Охрид, 16. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – На пошироката територија на Општина Охрид утрово се изврши авио запрашување со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци.
– Запрашувањето со аеросолна адултицидна дезинсекција започна во 06:00 на површина од 1.500 хектари, на потегот од селото Подмолје до населбата Св. Наум и на територијата на град Охрид, информираат од Центарот за јавно здравје.
Препаратот со кој се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 35