Охрид, 11. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со услови за мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 35. степени.
– Продолжува периодот на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигнува 40°C. Од денеска до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Во недела во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 26