Охрид, 10. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди и услови за локален дожд попладне. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 12. степени.
– Кон крајот на денот во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд. Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во недела врнежите наместа ќе бидат пообилни, а поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе бидат претежно од снег. На повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините позначително да се зголеми. Повремен снег ќе има и во понеделник, а потоа ќе преовладува стабилно и студено време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес