УХМР: Во Охрид денес облачно време со услови за локален дожд и температура до 9. степени
декември 4, 2024

Охрид, 4. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 9 степени.

– Во текот на следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Утре во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни и на планините снежната покривка ќе се зголемува. Во недела ќе дува засилен јужен ветер и врнежите ќе бидат претежно од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука