Охрид, 23. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес облачно и постудено време со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 4. степени.
– Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер. Потоа до четврток ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, особено во среда.Потоа следува период на стабилно, суво и понатаму студено време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес