Охрид, 2. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно облачно време. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 5 степени.
– До средината на неделата времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините, а постојната снежна покривка постепено ќе се намалува. Наоблачување од запад со појава на повремен дожд, а на планините и дел од повисоките места од снег ќе има од среда од крајот на денот и потоа во четврток преку денот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 71