Охрид, 15. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно облачно и студено време со повремено провејување на снег во планинските региони. Ќе дува засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 2. степени.
– Денеска и утре претпладне ќе се задржи претежно облачно и студено време со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури во текот на целиот период насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштаат и под -10 степени. По некои котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес