Охрид, 9. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид променливо облачно време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 28. степени.
– Од денес попладне, преку ноќта и особено утре преку денот, времето ќе биде променливо облачно и посвежо на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m² за кратко време), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и град, Во вторник врнежите ќе бидат пообилни, а температурата преку денот ќе биде значително пониска, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 83