Охрид, 14. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 23. степени.
– Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Утре ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа над 70 км/ч), а од недела температурите ќе бидат во позначително опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 123