Охрид, 4. октоември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 23. степени.
– Под влијание на циклонска активност утре и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Потоа во следните два дена ќе настапи стабилизирање на времето, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 225