Охрид, 22. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд.
Максималната температура ќе се искачи до 25. степени.
– И утре наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со услови за појава на краткотрајно невреме. Во четврток и петок ќе преовладува стабилно време, а нови врнежи се очекуваат за време на викендот. Дневната температура ќе биде без позначителна промена, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 63