News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 4, 2024

Охрид, 4. октоември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кога и понатаму ќе биде ветровито. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 24. степени.

– Под влијание на циклонска активност денес и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Особено преку ноќта и утре преку денот врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер кој ќе дува повремено и со брзина од над 70 км/час. На почетокот на неделата ќе биде стабилно со сончеви периоди во денот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука