Охрид, 19. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 16. степени.
– Викендов ќе се задржи променливо облачно време, денеска со услови за слаб локален дожд. Во текот на следната работна седмица ќе преовладува стабилно и тивко време со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нула. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 159