Охрид, 14. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, а на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.
– Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). Во петок и до сабата наутро ќе има врнежи од дожд кои на планините и на некои повисоки места особено во западните делови од земјата ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес