Охрид, 11. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Максималната температура ќе се искачи до 11. степени.
– До петок ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и пониска дневна температура. Во сабота кон крајот на денот и во недела ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 69