Охрид, 15. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер.
Максималната температура ќе се искачи до 8. степени.
– Во текот на следната работна седмица времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од вторник до четврток по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност, поради што и дневните температури ќе бидат пониски, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 73