УХМР: Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 8. степени
јануари 3, 2025

Охрид, 3. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 8. степени.

– Под влијание на влажен бран попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд во пониските места и снег на планините. Во текот на ноќта и утре претпладне врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и наместа ќе бидат пообилни (20 л/м2). Поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои од пониските места. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука