Охрид, 17. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 11. степени.
– До четврток ќе се задржи стабилно и релативно топло време. На планините поради повисоките температури висината на снежната покривка ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе биде пониска. Нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег се очекува во петок попладне и во сабота, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 70