Охрид, 18. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 11. степени.
– До петок претпладне ќе се задржи стабилно и релативно топло преку денот и постојната снежна покривка ќе се намалува. Наутро во котлините ќе има услови за појава на магла особено за време на викендот кога и дневните температури ќе бидат пониски. Нов влажен бран со врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег ќе започне од запад од петок попладне а врнежите во најголемиот дел од земјата ќе започнуваат како врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес