Охрид, 12. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 24. степени.
– Од утре ќе започне период на облачно време со нови врнежи од дожд и локална појава на грмежи и засилен ветер. Утре и особено во сабота ќе засилува југозападен ветер, а потоа со северен ветер се очекува позначително опаѓање на температурата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 75