Охрид, 1. октоември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес наутро студено, а преку денот сончево време со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 21. степени.
– Денеска и утре времето ќе биде стабилно и сончево со студени утра. Во четврток попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд. Под влијание на циклонска активност во петок, за време на викендот и почетокот на наредната седмица на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 86