Охрид, 22. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес прeтежно сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 18. степени.
– Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и утрински температури кои наместа ќе се спуштаат до неколку степени под нулата. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура до средината на неделата ќе биде во постепен пораст, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 37