Охрид, 23. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес прeтежно сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 19. степени.
– Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нулата. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 142