Охрид, 31. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес прeтежно сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 18. степени.
– Следува период на стабилно и суво време со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер најизразен во ноќта кон недела. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневните температури во периодот до сабота ќе бидат пониски за некој степен, а од недела ќе бидат пониски за 4 до 5 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 86