Охрид, 1. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес прeтежно сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 18. степени.
– Продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла и ниска облачност по некои котлини. Под влијание на постудена воздушна маса од север во недела ќе има зголемена облачност, ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени. Во текот на следната работна седмица утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 18