Охрид, 13. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 9. степени.
– Утре попладне, во текот на ноќта и во недела под влијание на влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините, а во недела и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Во недела попладне и во понеделник ќе дува засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 61