Охрид, 6. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.
– До петок ќе се задржи стабилно време со слаб до умерен јужен ветер, освен во вторник кога во вечерните часови во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониски температури. Од петок попладне, под влијание на циклонска активност, ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 54