Охрид, 18. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 7. степени.
– Викендов ќе преовладува стабилно време со утринските температури кои насекаде ќе бидат под нула, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По котлините ќе има појава на магла и таму дневните температури ќе остануваат пониски. Од понеделник ќе има зголемување на облачноста, а локални врнежи од дожд, на планините од снег се очекуваат во текот на ноќта кон вторник и во вторник преку денот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 38