Охрид, 8. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 12. степени.
– До петок ќе се задржи стабилно време со слаб, наместа умерен јужен ветер. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и таму температурите ќе останат пониски. Во останатите места ќе биде релативно топло, особено на планините каде ќе има постепено топење на снежната покривка. Во петок попладне и во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса со северен ветер врнежите постепено ќе преминуваат во снег и во повисоките, а во недела и на пониските места, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес