Охрид, 28. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 27. степени.
– Денес ќе се задржи сончево и топло време. Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Ќе има повремени врнежи од дожд со локална појава на грмежи и силен ветер. И во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали (за 8 до 10 степени). Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес