Охрид, 30. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Од пладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.
UV индексот ќе биде 6, а максималната температура ќе се искачи до 22. степени.
– Од утре под влијание на јужно воздушно струење времето ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 64