октомври 8, 2017

Охрид/Скопје, 8. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управата за хидрометеоролошки работи испрати соопштение, како реакција на соопштението на АД ЕЛЕМ во врска со нивото на водата во Охридското Езеро.

– АД ЕЛЕМ објавува свои информации и за разлика од официјалните измерени податоци од страна на УХМР, нивните податоци се разликуваат за 3 cm. Зошто се јавува оваа разлика не е официјално потврдено со заеднички геодетски снимања. Поради зачестеното погрешно толкување на дел од порталите, ние од УХМР мора да дадеме појаснување во јавноста за да не се добие погрешна слика за реалната состојба. Од страна на УХМР нивото на Охридското Езеро се следи на Хидролошката Станица (Водомерната станица) во Охрид, на кејот во близина на пристаништето. Денеска на водомерната летва од страна на набљудувачот се измерени 2 cm. Според фактот што водомерната летва има „О“ Кота еднаква на 693,17 мнм (m a.s.l.), тоа значи дека нивото на езерото денеска е на кота од 693,19 мнм. Дозволената минимална кота на езерото е 693.10мнм, што значи до овој дозволен минимум има уште 9 cm, информриаат од УХМР.

Појаснуваат дека „О“ Кота не е минимална кота, тоа е само водостој од 0 cm, а водостојот на Охридското Езеро, според договореното може да осцилира од негативни H=-7cm (минимална дозволена кота = 693.10 мнм) до позитивни H=58 cm (максимално дозволена кота = 693.75 мнм).

– Дозволена е амплитуда на осцилирање од 65 cm, се вели во соопштението на УХМР. (Крај)

извор: А1Он фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука