Охрид, 9. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Следува период на променливо облачно време со слаб до умерен, наместа засилен ветер од југоисточен правец.
– Попладне и во текот на ноќта од запад ќе се прошират врнежи од дожд, повремено поројни, проследени со грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).
Времето утре ќе биде претежно облачно и значително посвежо, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2 за кратко време), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и град. Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност, а преодно стабилизирање на времето во четврток. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса нови врнежи се очекуваат во петок. (Крај)
извор: ОхридПрес/УХМР фото: ОхридПрес