News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 22, 2024

Охрид, 22. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) излегоа со актуелно предупредување.

– Денес времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, попладне во западните делови ќе бидат пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег и ќе се формира снежна покривка. Во текот на ноќта и во утре претпладне врнежи од снег ќе има и на некои пониски места особено во западните делови каде ќе се формира помала снежна покривка, стои во информацијата на УХМР.

Во Охрид денес не очекува претежно облачно време со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h).

Максималната температура ќе се искачи до 14. степени. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука