Св. Николе/Охрид, 27. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Учениците и наставниците од ОУ „Дебрца“ од селото Белчишта, денес за прв пат зедоа учество на Новогодишниот базар кој се одржа во Св. Николе.
Настанот е во организација на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р. Державин“, а на него учениците и наставниците од ОУ „Дебрца“ од селото Белчишта освоија плакета за најкреативен штанд.
– Вредните раце на учениците и наставниците се заслужни за оваа плакета. Нека ни е успешна и бериќетна Новата година, порачуваат од ОУ „Дебрца“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 41