јануари 17, 2017

Охрид, 17. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Една недела пред екстерната проверка на знаењата, учениците ќе добијат информација за деновите на тестирање, а три дена пред тестирањето ќе бидат објавени и предметите по кои ќе бидат проверувани, велат од Државниот испитен центар.

Поради одлуката за продолжување на зимскиот распуст, процесот на екстерно проверување на постигањата на учениците од завршните години во средното образование, ќе се спроведе во периодот од 30-ти јануари до 3-ти февруари годинава.

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7-ми февруари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука