Охрид, 24. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ со освоени бројни награди се вратија од Образовно рандеву 2018 кое во организација на Македонската асоцијација на средни стручни училишта (МАССУМ) се одржа во Скопје.
На настанот на кој се претставија ученици од сите средни стручни училишта од Република Македонија, охридските средношколци се претставија во седум категории и тоа: најдобар штанд, најдобра фотографија, најдобра веб страна, маркетинг план, најдобра видео реклама, интервју за работа на македонски јазик и интервју за работа на англиски јазик.
Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ освоија три награди: Прво место за најдобро уреден штанд (за кое се добиени пет вредносни ваучери во вредност од 1.500 евра за ученици кои ќе го започнат своето школување на „Универзитетот за туризам и менаџмент“ од Скопје), Второ место Интервју за работа на македонски јазик го освои ученикот Бојан Трајкоски, Трето место за најдобра веб страна кое го освои тимот составен од учениците: Надица Кузманоска, Бојан Трајкоски и Михаил Ангелески.
Учениците беа под водство на професорката Билјана Божиноска, координатор на Младинската организација и Центарот за кариерен развој при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива