Охрид, 4. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од ОУ „Братство Единство“ од Охрид во соработка со Црвениот крст организираа хуманутарната акција со цел да ја покажат својата хуманост и да го дадат својот придонес за помош на загрозените од поплавените подрачја во источните и југоисточните делови од републикава.
Акцијата ќе трае во периодот од утре до 8-ми овој месец.
– Со надеж дека нашит хуман гест ќе ве поттикне и Вас ве покануваме да ни се придружите. Производите во вода и средства за хигиена можете да ги донирате во нашето училиште. До сите хумани срца голема благодарност во име на сите оние што очекуваат подадена рака, информираат од училиштето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 51