Охрид, 14. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Зошто да стоиме настрана и да бидеме пасивни и неуки набљудувачи, кога можеме со мал гест, позитивна мисла и енергија да бидеме дел од едукативната кампања „Ги запознаваме ретките болести“.
Со оваа порака, учениците од одделенска настава при ОУ „Григор Прличев“ од Охрид, заедно со наставниците кои им предаваат, се вклучија денес со низа активности за ширење и поддршка на оваа кампања.
– Шарените дланки од хартија, обоените дланки, постерите… се само дел од детската подадена рака. Чувството на заедништво, прифаќањето и помагањето се темел на секоја личност, порачаа од училиштето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 61