Охрид/Белчишта, 20. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од ОУ „Дебрца“ од Охрид, заедно со наставниците се вклучија со низа активности за ширење и поддршка на едукативната кампања „Ги запознаваме ретките болести“.
Тие ги обоија дланките во знак на поддршка на акцијата, а им се приклучи и градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески.
– Ние сме деца од Дебрца славна, се боиме за болести ретки, тоа е сега тема главна. Ова се нашите рачиња во бои, кампањата за ретки и нас не’ освои. И Градоначалникот е меѓу нас, за посилен да е нашиот глас, порачаа најмладите.
Со тоа продолжуваат активностите за подигнување на свеста за ретките болести, кои ќе завршат следната сабота, на 29-ти февруари, кога ќе биде одбележан Светскиот ден на ретките болести со посебен настан на Градскиот плоштад во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива