февруари 13, 2015

Охрид, 13. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на неделава, во Основното училиште „Свети Климент Охридски“ се спроведе хуманитарна акција за погодените лица од временските неприлики во источна Македонија.

Акцијата започна на 9-ти февруари, а во неа се вклучија сите ученици кои донираа вода, конзервирани продукти, средства за хигиена и слично.

Собраната помош беше предадена денеска во Црвениот крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес  фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука