декември 14, 2017

Охрид, 14. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Шеснаесет ученици и двајца професори од охридското средно стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“ од 4-ти до 19-ти декември престојуваат во детското село „Песталоци“ во Троген, Швајцарија, како дел од интеркултурна рамена.

Престојот е во рамки на проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија” на Коалицијата СЕГА.

Нашите ученици одржаа презентација на училиштето, на градот Охрид и земјава, во склоп на заедничката група од Република Македонија во која има и ученици од Прилеп и Гостивар.

Trogen 1Учениците одржуваат работилници со група нивни врсници од Белорусија. Тие изведуваат изведуваат настава и работилниците поврзани со детските права. Секако неодминлив дел од ваквите престои е дружењето и прошетките.

Во рамки на проектот нашите ученици подготвија и емисија која ќе биде емитувана попладнево од 16:00 до 17:00 часот на  следниве онлајн канали:

www.powerup.ch
facebook.com/skppowerup
instagram.com/kinderorfpestalozzi#powerup#pcfexchange

Radio

Минатата недела учениците беа посетени од локалната телевизија, која направи специјален прилог за гостите од Македонија, кој може да го погледнете на следниот линк:

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука