Охрид, 15. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Традиционално и оваа година, ученици од четврта година при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид беа во посета на Супер радио.
Учениците предводени од професорот Никола Јованоски, практично се запознаа со она што го учат во школските клупи. Овојпат акцент беше ставен на аудио продукцијата, снимање на радио сегменти и програмите што при тоа се користат.
Од страна на уредникот Јане Стефанов и техничкиот реализатор Реџеп Селман на учениците им беше објаснат начинот на снимање и обработка на емисии, реклами и други информативни содржини, па сé до нивно емитување во етерот.
На овој начин стекнатите знаења на предавањата ќе се врежат во меморијата и на учениците и ќе им бидат од голема полза во нивните идни работни задачи и ангажмани. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес