Охрид, 20. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Четвртоодделенците од ОУ „Братство и Единство“ денес беа во посета на Општина Охрид. Во улога на домаќин ги пречека градоначалникот Јован Стојаноски, кој во големата општинска сала одговарајќи на прашања од учениците ги запознаваше со начинот и функционирањето на локалната самоуправа.
Учениците беа гости во кабинетот на градоначалникот, а ги посетија и останатите служби на општинската администрација. Посетите на ученици во општина Охрид е согласно наставната програма што тие ја изучуваат по предметот општество.
извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид
Прочитано: 21