Охрид, 17. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во саботата, на 14-ти декември 2019 година, учениците од ОУ „Григор Прличев“ учествуваа на натпреварот по математика и физика, организиран од страна на ПСУ „Јахја Кемал“ од Струга, каде постигнаа забележителни резултати.
– Во конкуренција од 130 ученици од Охрид, Струга и Кичево, првото место во математика го освои ученичката Емилија Николоска, додека пак меѓу првите седум најдобри ученици по физика се пласираа ученици: Емилија Николоска, која го освои второто место, Марија Тодороска – петтото, Нина Стевоска – шестото и Ивана Треневска седмото. Севкупен победник на натпреварот е ученичката Емилија Николоска која се здоби со највисоката стипендија. Учениците Марина Козомара, Наталија Савеска и Евгенија Ническа се здобија со право директно да се запишат во ПСУ „Јахја Кемал“, без полагање приемен испит. Нашите ученици беа најдобри на натпреварот. Ментори на учениците се: Марика Бубеска по математика и Славица Јолакоска Таштаноска по физика, порачуваат од училиштето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива