Охрид, 21. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денот на пролетта, 21-ви март беше дочекан и од учениците во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид.
– Со голема радост од нашите ученици, во училиштето се реализираа интегрирани часови со еколошки содржини, а дел од учениците со секциите спроведоа и еколошки акции. Имено, учениците од одделенска настава од подрачното училиште „Григор Прличев“ во населбата Рача, заедно со учителките Виолета Кафтан, Наташа Маркоска, Мирјана Христовска, Марија Стојоска и Ружица Размоска традиционално го посетија посетија Благовештенскиот манастир. Учениците уживаа во прекрасната природа, засадија садници со очиња во дворот на манастирот и беа одлично пречекани од домаќините. И покрај дождливото време сепак ја продолжија традицијата, информираат од училиштето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива