Скопје/Белчишта, 28. октомври2 019 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од прво до петто одделение при ОУ „Дебрца“ денес имаа едукативна посета на Планетариумот и Зоолошката градина во Скопје.
– Цел на посетата е кај учениците од мали нозе да се поттикне љубопитноста за истражување на тајните на вселената и љубовта кон науката. При посетата на Зоолошката градина, учениците се запознаа со разни видови животни и птици, кои не живеат на нашите простори, како и со навиките, исхраната, чувањето на животните, информираат од училиштето.
Додаваат дека посетата била овозможена од градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОУ „Дебрца“
Прочитано: 34