Охрид, 28. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од нижите одделенија од ОУ „Кочо Рацин“ Охрид, во изминатиот период работеа на проект насловен „My Home“, преку STEM програмата.
Соработници во рамките на проектот се професори по англиски јазик, Марија Симиџиоска Стојаноска и Валентин Ристески. Ментор на учениците од 4-2 одделение е наставничката Виолета Петковска.
Станува збор за двомесечен труд реализиран со учениците, кој е воедно нивно прво искуство со STEM програма. Во европското финале на проектот во Лондон учествуваат млади од основните, средните училишта и факултетите од повеќе земји од Европа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОУ Кочо Рацин
Прочитано: 20