Охрид, 13. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Учениците Анабела Стефаноска и Андреј Маркоски го освоија 4-то место на Меѓународниот ликовен Конкурс, кој во декември минатата година се одржа во Стара Загора, Бугарија.
– Преку своите цртежи тие ја искажаа на најдобар начин својата креативност и фантазија, вели менторот, наставничката Виолета Петковска.
Анабела и Андреј добија Благодарници, кои им ги врачи директорката на училиштето Соња Спасеска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 25